Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денес извршија увид во градежните активности на локацијата во близина на улицата “Герника” во селото Драчево, каде се наоѓа последната постојка за автoбусот бр.41. И покрај бројните апели на локалната самоуправа, несовесни граѓани на оваа локација постојано масовно фрлаа отпад и создаваа депонија. Општина Кисела Вода одлучи ова место да го облагороди и култивира, односно на оваа локација да изгради парк кој ќе биде пријатно место за одмор и рекреација на жителите од овој дел од градот.
-Најпрво благодарност за брзата интервенција и на Градот Скопје и на ЈП Паркови и зеленило за оплеменувањето на овој простор, за расчистувањето на дивите депонии кои го уништуваат јавниот простор во општината. После чистењето на овој простор, тие учествуваа во зазеленувањето, а ние поставуваме урбана опрема на територијата на овој парк. Наша заложба е до крајот на мандатот во секоја месна и урбана заедница да направиме по еден ваков парк кои ќе служи за интеракција на нашите сограѓани, а нормално и да ја зазелениме нашата општина, Кисела Вода и секако, градот Скопје, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, упатувајќи апел до сите жители за совесно однесување и за грижа за јавниот простор.
Ова е нов парк, засадуваме парк, го обновуваме зеленилото. Повеќе од 200 дрвца се засадуваат, ќе биде хортикултурно уредено, ке биде уредено со урбана опрема, како што веќе може и да видите. Исто така се воспоставува и хидрантна мрежа со цел зеленилото да биде одржувано со повеќе од 84 прскалки и 13 шахти. Градот Скопје се грижи за зеленилото, градот Скопје го обновува зеленило. Во таа насока, информацијата дека оваа година имавме рекордни 127 000 метри квадратни обновени зелени површини- изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.