Со ваучерскиот систем за поддршка се вбризгуваат нови 6 милиони евра за развој на спортот, тврдат од Владата

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, заедно со советниците за спорт на премиерот Заев, Ѓорги Тасев и Даниел Димевски и раководителот на сектор спорт во АМС, Томислав Андоновски, во клуб на пратеници остварија работна средба со претставници на националните спортски федерации и спортски работници.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата биле презентирани критериумите, постапката и условите за добивање на ваучери согласно новиот систем на финансирање, чиј крајни корисници ќе бидат националните спортски федерации, клубови, активни спортисти од олимписки, неолимписки и параолимписки спортови и други правни лица, кои имаат решение за вршење дејност спорт. Овој систем влегува во сила од почетокот на 2019 година.

„На средбата исто така се потенцираше и важноста од формирање на посебно тело во Агенцијата за млади и спорт чија главна обврска ќе биде работата со ваучерскиот систем, при што цел процес, како и досега, ќе се води низ транспарентен, партнерски и инклузивен пристап со сите спортски субјекти“, се наведува во соопштението.

Преку овој систем, обврзникот кој донирал финансиски средства на спортски субјекти му се намалува пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50% од пресметаниот данок.

Треба да знаете
Последни објави