Полицијата запленила над 10.000 петарди вчера во Тетово.
Шверцерот Д.А.(30) бил фатен на улицата Маршал Тито. При прегледот во неговото возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици биле пронајдени и одземени 10.223 парчиња пиротехнички средства.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.