Шест уметнички дела на познатиот норвешки сликар Едвард Мунк се исчезнати од Музејот на ликовната уметност „Стенерсен“ во Осло, објавија локалните медиуми, додавајќи дека во последните години исчезнале најмалку 47 слики, меѓу кои и 34 дела на Мунк.
Весникот „Дагбладет” објави дека шест дела биле дел од збирката на музејот „Мунк“, кој е дел од истиот музејски кластер како музејот „Стенерсен“.
Од музејот изјавие дека исчезнати се 26 од делата на Мунк, но од весникот тврдат дека станува збор за 34 дела на уметникот.
Директорот на музејот „Мунк”, Штајн Олав Хенриксен, изјави дека не знае зошто порано не било откриено исчезнувањто на сликите. Тој, исто така, објасни дека музејот „Мунк“ ја презел одговорноста за уметничките дела во 2010 година. Пред тоа, за нив била одговорна општината Акер во Осло.