Гаши: Очекуваме во јануари да заврши судскиот процес за правната сопственост на Беса

Vо првите денови од месец јануари очекуваме да заврши судскиот процес за правната сопственост на Движењето Беса, изјави Африм Гаши, претседател на Движењето БЕСА.

„Овој процес се одолговлекува веќе цела година, но сега е при самиот крај. Ако во оваа држава има правда, која суди без пристрасност, која фалсификувањето и измамата не ги прифаќа како факти, јас сум убеден дека исходот ќе биде на наша полза. Како и да е, јас сум сигурен дека, независно од судската одлука, тоа што не може да се покраде и да се присвои нелегитимно е идејата на Беса како политички концепт на претставување на Албанците во Македонија“, рече тој.

Освен ова, додаде Гаши, откако ќе завршиме со уставните измени, ние ќе се фокусираме повторно на нашите внатрешни кадровски капацитети, во засилување на структурите на Движењето, во сплотување на редовите на организацијата и ќе се посветиме во реализација на нашата политичка програма, што подразбира повеќе ангажман во полето на економскиот развој, во градење на благосостојбата на граѓаните и во подобрување на образованието.

„Ние сме цврсто убедени дека, по зачленувањето на државата во НАТО, економскиот развој и квалитетното образование се нашите највисоки патриотски и политички должности, бидејќи само на таков начин можеме да се надеваме дека можеме да го прекинеме иселувањето на нашите млади, која е нашата национална колективна болка на сите граѓани и на целата држава“, рече Гаши.

Треба да знаете
Последни објави