Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против Е.А.(33) од селото Падалиште и С.И.(21) од Гостивар.
„На улица „Беличица“, двајца полициски службеници при преземање на службени дејствија од областа на сообраќајот, биле попречувани од пријавените, при што првопријавениот физики нападнал полициски службеник“, соопшти МВР за овој случај.