Дневен хороскоп за 28 декември

Раковите се посветуваат на стари проблеми, Овните ја планираат иднината, Рибите имаат среќа во љубовта. 

 

Прочитајте го хороскопот за 28 декември.

Овен

Денешниот ден е клучен за вашата иднина. Потрудете се да испланирате добро што сакате.

Денеска ќе одлучите дека е време да и дадете шанса на една личност која постојано ви обрнува внимание. Ќе имате многу самодоверба.

Здравјето е добро.

Бик

Ако чувствувате дека некои ситуации не се разрешени, време е да им се посветите. Денеска е одличен ден за тоа.

Вашите високи очекувања повторно ви донесоа разочарување. Пробајте подобро да ги проценувате луѓето.

Можни се проблеми со штитната жлезда.

Близнаци

Ситуацијата на работа ви се комплицира полека, но нејзиното разрешување не зависи од вас.

Со саканата личност градите убава романтична врска која секој ден ви носи нешто ново. Денеска е посебно убав ден.

Можна е вртоглавица.

Рак

Посветени сте на решавање на старите проблеми, бидејќи сакате да се насочите кон нешто ново.

Денеска ве очекува интересен разговор со личност со која лесно можете да ги измешате пријателството и љубовта.

Ве мачи несоница.

Лав

Работната состојба ви е нејасна и самите не сте сигурни во врска со многу работи. Посветете се на решавање на своите дилеми.

Не покажувате интерес за личноста која упорно се труди да ве  придобие.

Ве мачат хронични проблеми.

Девица

Се што ќе направите денеска ќе има долгорочни последици на вашата работа. Дајте се од себе за да не се каете.

Не ги исполнувате очекувањата на саканата личност.

Би ви годела масажа.

Вага

Ќе дојде до промени во колективот, со што и вашата позиција би можела да биде загрозена. Се двоумите околу тоа како да се поставите.

Не сте свесни колку вашите постапки влијаат на саканата личност и нејзините постапки кон вас.

Проблеми со кичмата.

Шкорпија

Денешниот ден е одличен за нови проекти и соработки.

Размислувате постојано за нова авантура. Не сакате стабилност во овој момент.

Здравјето е добро.

Стрелец

Пред вас е позитивен ден бес стрес и препреки. Ситуацијата е прилично стабилна.

Јасно ви е дека сегашната врска не води никаде. Се трудите да ја прекинете.

Избегнувајте ги пороците.

Јарец

Денеска е поволен ден за промена на работата. Бидете позитивни.

Ве очекува почеток на врска со личност родена во знакот Бик со која многу си одговарате.

Добро се чувствувате.

Водолија

Пред вас е ден со многу обврски и многу стрес.

Ќе дојде до интересно познанство со личност која е поврзана со вас преку работата.

Не се чувствувате добро.

Риби

Денеска ќе имате среќа што и да направите. Посветете се максимално на работата.

Имате среќа во љубовта. Личноста која ви се допаѓа почнува да покажува интерес.

Ви годи физичка активност.

Треба да знаете
Последни објави