Кримските власти соопштија дека е завршена изградбата на оградата долга 60 километри на границата на Крим со Украина.
Оградата се состои од неколку типови на барикади, разни типови сензори, некои скриени и некои видливи системи за видеонадзор, вклучувајќи и инфрацрвена опрема.
Меѓу системите постои и оној кој има вградени сензори за вибрации, тие се активираат кога лицето се приближува до оградата и ги пренесува податоците до дежурниот полицаец кој добива аудиопредупредување. Исто така укажува и на насоката во која се движи лицето.
Покрај тоа, постои и сензорски систем кој ја активира камерата за ноќно посматрање ако лицето се најде пред него.
Употребата на овие системи, според официјалните лица, е неопходна поради разни закани, како што се обидите на групи од луѓе од соседните земји кои се обидуваат да влезат на територијата на Крим.
Покрај тоа, како што е наведено, оградата служи за да се спречи обидот да се организираат нелегални активности на трговија со оружје, муниција, стоки, цигари, алкохол, гориво, дрога …
Исто така, оградата има за цел да ги спречи илегалните преминувања на границата.
Руската агенција наведува дека сличен систем за жичена ограда е инсталиран на истокот на земјата, како и на север на Русија.