Владата одобри 1,2 милијарди евра за развој и имплементација на програмата Гагањан („Небесна кочија“ на хинди јазик).
Индискиот премиер, Нарендра Моди, во август објави дека Индија до 2022 година или поскоро од тоа ќе испрати во вселената еден маж или жена.
За овој подвиг ќе се користи ракета од индиско производство со назив GSLV-MkIII која претходно ќе биде двапати пробно лансирана без човечки екипаж. Астронаутите во вселената ќе минат најмногу седум дена.
Индија развива вселенска програма уште од 1960 година.
Индиската вселенска агенција ИСРО во 2014 година во орбитата на Марс постави сонда за помалку од 73 милиони долари, наспроти 671 милион колку што за слична таква потроши американската НАСА.
Минатата година, ИСРО со само една ракета постави 104 сателити во орбитата.