Дуелот помеѓу Интер и Наполи во средата го засенија расистичките навреди на навивачите на Интер кон стоперот на гостите, Калиду Кулибали.
Интер поради расистичкото однесување на навивачите доби суспензија, па следните два натпревари на „Џузепе Меаца“ ќе ги игра пред празни натпревари, а уште еден дополнителен натпревар ќе биде затворена трибината каде што се сместени ултрасите.
После инцидентите и расистичките навреди, Интер преку официјално соопштение го осуди расизмот.
„Од 1908-ма година Интер ја претставува интеграцијата, иновацијата и прогресивноста. Историјата на нашиот клуб е без дискриминација да се бориме за да изградиме подобра иднина, дека сме отворени кон секого. Тие кои што не ја разбираат историјата на Интер, не треба да бидат со нас“, соопштија од клубот.