Секторот за внатрешни работи – Штип поднесе кривична пријава против З.М.(39) од село Таринци, Карбинци, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Во периодот од април до мај минатата година пријавениот, како градоначалник на општина Карбинци, во повеќе наврати од фирма од Штип извршил набавка на варовничко андензитски дробен камен без да спроведе постапка за јавна набавка, соопшти полицијата.
Со тоа овозможил наведеното правно лице да се стекна со противправна имотна корист од 74 340 денари на штета на буџетот на општина Карбинци.