Мајка со години ја бара исчезнатата исчезнатата ќерка: Случајно на интернет видела една фотографија, а потоа клопчето почнало да се одмотува

Американката Сабина Туорто уште од септември 2017-та година не знае каде е нејзината ќерка Корина Сласер, за која се смета дека е жртва на трговија со луѓе.

Семејството не се слушнало со Корина од 2017-та година, кога исчезнала во Њујорк.

Меѓутоа, неодамна на интернет се појавила фотографија од маж обвинет за сексуална трговија со луѓе со две девојки. Една од нив многу личи на Корина.

На фотографијата изгледа поинаку бидејќи има потемна боја на косата, но и драстично е послаба.

Мајката на Корина, Сабина, рекла дека “речиси се онесвестила” кога видела како изгледа нејзината ќерка сега.

Мајката, од градот Блумсберг во Пенсилванија, смета дека трговците со бело робје ја натерале да го промени изгледот, така што ни најблиските членови на семејството нема да ја препознаат.

“Сепак, јас сум нејзина мајка. Знам како таа изгледа и можам да ја препознаам каде и да се наоѓа. Ја облекле поразлично и и го промениле изгледот. Тоа не е нејзин стил на облекување, а секогаш внимаваше на својата фризура и шминка”, додала Сабина.

Минатиот месец ФБИ го уапсил Иши Вони, 23-годишното момче од фотографијата поврзано со тој случај, кој е осомничен дека ги подведувал двете девојки и преку интернет и ги нудел нивните сексуални услуги со зборовите “посебна вечер со две девојки”.

Мајкаа верува дека Корина ја држат заробена против своја волја.

“Доколку можеше, сигурно ќе ми се јавеше. Некој ја контролира. Не знам што и направиле, или ја дрогирале или е психички нестабилна. Само знам дека не е своја”, рекла нејзината мајка.

Корина последен пат била видена на 20-ти септември во мотел, познат по проституцијата, само неколку недели откако се преселила во Њујорк.

Сабина вели дека Корина имала среќно детство и дека двете биле блиски се до исчезнувањето.

Корина била активна на социјалните мрежи се до септември 2017-та, а на фотографиите имала руса коса и беспрекорна шминка.

Мајката се сомнева дека преку социјалните мрежи се поврзала со сомнителни луѓе.

“Се тргна наопаку многу брзо. Престана да зборува со своите пријатели, а тие ги видоа нејзините фотографии на Снепчет на кои пуши и држи оружје. Полицијата ја фатила пијана и ние се скаравме околу тоа. Одлучи да се отсели во Њујорк. Не можев да ја спречам, таа е возрасна личност. Знам дека не сакаше да живее во мал град, но никогаш не ми падна на памет дека ќе се занимава со проституција”, додала таа.

Можно е потајно да тргнала да работи како ескорт девојка. Само неколку дена пред исчезнувањето се пофали на Твитер дека пронашла стан за 750 долари месечно, за што, смета Сабина, не можела да има доволно пари.

Неколку дена по таа објава, Сабина разговарала со ќерката за тоа дали ќе дојде на погребот на нејзиниот дедо.

“Ми кажа дека се наоѓа во гето и дека би сакала да се врати дома. Се договоривме дека ќе дојде подоцна бидејќи моментално нема број од социјално осигурување, па не може да влезе во авион”, рекла Сабина и додале дека тоа е последен пат да се слушне со ќерка си.

Треба да знаете
Последни објави