Меркел и Макрон побараа ослободување на украинските морнари

Германската канцеларка и претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска побараа од Русија да ги ослободи украинските морнари кои ги зароби заедно со три бродови минатиот месец.

– Ние бараме безбеден, слободен и непречен транзит за сите бродови низ Керченски Проток и итно и безусловно ослободување на сите нелегално притворени украински морнари, се наведува во заедничкото соопштение на Меркел и Макрон.

Русија минатиот месец заплени три украински бродови со екипажите истакнувајќи дека навлегле во руски територијални води, а Украина негира.

Треба да знаете
Последни објави