Лионел Меси и Кристијано Роналдо се играчите кои дефинитивно ги одбележаа изминативе 10-15 години во светот на фудбалот и дефинитивно ќе бидат запишани, запаметени во историјата како едни од најголемите асови на сите времиња.
Нивното ривалство трае со години и истото придонесе двајцата секогаш да го дадат својот максимум, па дури и над тоа само за да успеат. Од оваа сезона двајцата повеќе не се во иста лига затоа што Роналдо замина во Јувентус, меѓутоа тоа не значи дека едниот не му служи како дополнителна мотивација на другиот.
Токму на оваа тема, за големото ривалство проговори Меси кој за шпанска „Марка“ истакна:
-Времето кога бевме во иста лига и се обидувавме да победиме со нашите тимови беше навистина убаво. Тоа беше здраво ривалство во кое двајцата сакавме да се подобриме. Тоа беше одлично за навивачите, -рече Лео кој говореше за новиот Реал без Португалецот.
-На почетокот на сезоната кажав дека се одличен клуб, еден од најдобрите на светот со многу одлични играчи, ама на секој би му фалел Роналдо. Дава многу голови и носи многу друти работи, па не ме изненадува, -истакнал капитенот на каталонците.