Предлог законот за спречување на корупција ќе добие европско знаменце

На 113. владина седница која се одржа вечерва беше донесена одлука Владата да го повлече од Собранието предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, информираат од владината прес-служба.

Како што додаваат од таму, низ повторена владина процедура овој предлог закон, од реформскиот пакет од легислативата, ќе добие европско знаменце за да се забрза постапката за негово донесување во законодавниот дом и да се избере нова Државна комисија за спречување на корупцијата според новите критериуми утврдени во новото законско решение.

Треба да знаете
Последни објави