Пропадна планот на Хрватска за купување на израелските ловци Ф-16 откако американскиот министер за одбрана во заминување, Џемјс Матис, одби да ги ублажи условите кои САД ги постави за трансфер на авионите. Хрватските медиуми, повикувајќи се на американскиот портал Axios, наведуваат дека тврдиот став на Матис го запрел договорот вреден 500 милиони долари.
,,Од причини кои не ни се познати, Американците предложија услови за трансфер, а ние наводно погрешно сме го протолкувале нивниот став за целата ситуација. Договорот за продажба на авиони на Хрватска пратично пропадна и мислиме дека не е можно да се постигне договор кој истовремено ќе ги задоволи американските услови и хрватските барања”, изјави израелски претставник. Тој вели дека Израел нема друг избор освен да ѝ се извини на Хрватска за припаднатиот договор и да заборави на целиот случај.
На почетокот на годинава беше објавено дека Израел продава 12 авиони од американско производство на Хрватска за 500 милиони долари. Грција, Јужна Кореја, Шведска и САД исто така ѝ понудија на Хрватска воени авиони за да ги замени застарените авиони MIG-21S од руско производство. Повикувајќи се на неименувани израелски извори, израелската ТВ „Канал 10“ јави дека владата на претседателот Доналд Трамп е гневна бидејќи Изрел додал зајакнати електронски системи од израелско производство на авионите F-16S, само со цел да ја убеди Хрватска да ги купи.
Според истите извори, САД сметаат дека Израел профитирал на нефер начин бидејќи авионите се од американско производство и не било предвидено да бидат продадени на трета страна без одобрение на земјата што ги произвела, односно САД.