Рускиот претседател Владимир Путин вечерва разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел, објави Кремљ, соопштувајќи дека двете страни детално разговарале за сирискиот конфликт, пренесе агенцијата „Тасс“.
Од Кремљ додаваат дека акцентот бил ставен на одлуките донесени на четиристраниот самит (Русија, Турција, Германија, Франција), што се одржа на 27 октомври во Истанбул.
„Путин нагласи дека работата на земјите кои гарантираат во Процесот од Астана за формирање на листа на членови на уставната комисија, создава услови за постигнување на долгорочно и стабилно решение во Сирија“, соопшти прес-службата на Кремљ.