Сестрата на Меган Маркл повторно напаѓа: “Срам да ти е, немаш срце, како се осудуваш да влезеш во црква”

Саманта Маркл повторно на Интернет ја нападна нејзината сестра Меган. Иако неодамна била во Велика Британија и се обидела да ја смири топката помеѓу нив две, изгледа дека Саманта и понатаму не ѝ простува поради тоа што се откажала од семејството и дека не сака повеќе да комуницира со нив.

Саманта тврди дека Меган не му честитала Божиќ на својот татко и дека тој е многу тажен и скршен поради тоа.

“Никогаш во животот не сум видела таква личност, без срце, без душа и подготвена да го повреди сопствениот татко. Засрами се Меган поради она што му го правиш на татко ти. Не постои ПР кој може ова да го поправи. Ја повлекувам честитката за Божиќ, ти не заслужуваш да ти честитаме. Како се осудуваш да влезеш во црква?”, напиша Саманта на својот профил.

Сестрата на Меган тврди дека ова е веќе втор Божиќ како Меган не го побарала својот татко. Томас Маркл не престанува со обидите да стапи во контакт со Меган веќе неколку месеци, но војвотката одбива да одговори на неговите пораки и позиви.
Треба да знаете
Последни објави