Жител на село Враништа бил прегазен при судир на три возила, вчера на крстосницата од регионалниот пат Струга- Дебар со локалниот пат за село Враништа.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 11.30 часот. Тогашсе судриле камион „мерцедес“, управувано од Р.Ќ.(45) од Враништа, автомобил „рено“ што го управувал Х.С.(57) од село Велешта, како и автомобил „фолксваген голф“ управуван од Ш.K.(45) од Велешта.
При тоа настрадал пешакот Н.Б.(65) од Враништа, кој е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.