Стапија во сила новите правила за зајакнување на Шенгенскиот информациски систем

Новите правила за зајакнување на Шенгенскиот информациски систем (SIS), кој ќе придонесе за борбата против тероризмот, борбата против прекуграничниот криминал и илегалната миграција, влезе денеска во сила.

“Денеска ја затвораме најкритичната безбедносна дупка во Европската унија. Земјите членки ќе бидат обврзани да внесат предупредување за терористичка закана во засилениот SIS . Секој кој претставува закана не би требало да влезе незабележано: интероперабилноста на SIS со нашите други информации системи за безбедноста, границиите и миграцијата во блиска иднина ќе обезбеди сите точки на нашиот радарски екран да бидат соодветно поврзани, рече комесарот за внатрешни работи, Димитрис Авраамопулос.
SIS е најкористениот информациски систем за безбедност и гранично управување во Европа.

Земјите членки ќе бидат обврзани од денеска да ги споделат предупредување за одлуките за враќањето на странските државјани и да ги разменуваат информации за терористичките акти со сите други земји на ЕУ. Новите превентивни предупредувања ќе важат и за децата на кои им се закануваат со насилство, присилен брак или киднапирање. Исто така ќе бидат дадени предупредувања за идентификување на криминалци и ќе се зголеми употребата на биометриски податоци.

Забраната за влез на државјани на трети земји ќе мора да бидат внесени во системот, што ќе оневозможи, на пример секој кој има добиено забрана за влез во Португалија, да му биде забрането да влезе во шенген зоната во друга земја.

Дел од новите правила ќе бидат воведени постепено, а се мора да биде оперативно до 2021 година.

 

Треба да знаете
Последни објави