Трамп: Или ќе се гради ѕид или ќе ја затворам границата со Мексико

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска се закани дека ќе ја затвори границата  со Мексико, ако конгресмените демократи не одобрат финансирање на граничниот ѕид.

– Ќе бидам принуден целосно да ја затворам јужната граница ако демократите не ни дадат средства за завршување на ѕидот, напиша Трамп на Твитер и ги повика конгресмените од Демократската партија да „ги смента апсурдните закони за имиграција, кои се претворија во товар за земјата”.

Трамп и минатиот месец се закани дека ќе ја затвори границата со Мексико во рамките на борбата со илегалната имиграција.

Во САД на 22 декември стапи во сила делумна блокада на работата на Владата, по неуспешните преговори на републиканците и демократите и претседателот Доналд Трамп за тоа Конгресот да додели пет милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Треба да знаете
Последни објави