Црна Гора ќе ги казнува оние кои седат додека се интонира химната

Лицата кои за време на изведувањето на црногорската химна ќе седат или со создавање бучава ќе го нарушуваат јавниот ред и мир, ќе бидат казнувани.

Црногорската влада на седница го утврди предлог-законот за измени и дополнување на Законот за јавен ред и мир, во чијшто состав влегоа прекршоците и казнените одредби кои се однесуваат на употребата на државните симболи, односно изведувањето на државната химна.

Министерот за култура во земјата, Александар Богдановиќ, изјави по седницата дека измените и усогласувањето на законот е реакција на случувањата кои пред сè се однесуваат на пласирање и неточно изнесување на утврдени историски факти во врска со Црна Гора и изнесувањето  тврдења со кои се нарушува територијалниот интегритет на земјата, пренесуваат црногорските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави