Албанскиот премиер, Еди Рама ја реконструираше Владата и смени осум министри, што претсетавува одговор на студентските протести и приговорите на опозицијата за корупција.
Од 15 министри во Владата, сменети се осум, вклучувајќи ги и министрите за надворешни работи и финансии.
Рама ја смени и неговата заменичка, Сенида Меси и на нејзино место го постави пратеникот, Ерјон Браче.
„АП“ пренесе дека Рама, кој е и лидер на владејачката Социјалистичка партија, изјавил дека сменетите министри имаат поважна улога како политички лидери во своите области на општинските избори во јуни следната година.
Опозицијата сменетите министри ги обвини за корупција и неефикасност.