Како лек за повеќе проблеми може да послужи и солта

Покрај тоа што се користи во кујната, солта може да послужи и како лек за повеќе проблеми. Дознајте кои здравствени проблеми можете да ги решите со помош на овој зачин…

Освен што служи како зачин, солта е составен дел и од нашето тело, но и животот. Покрај употребата во кујната таа може да послужи и во здравствени цели. Дознајте како со нејзина помош да ги решите следните проблеми…

Ако ве боли грло

Направете мешавина од 1 лажичка сол и 2,5 дл вода и мешајте додека не се растопи. Со растворот правете гаргара неколку пати дневно.

Изгореници во устата

Ако сте ставиле нешто жешко во уста или сте се олутиле, направете раствор од половина лажичка сол и 2 дл млака вода, па правете гаргара неколку пати дневно.

За болна и чувствителна вилица направете раствор од 1 лажичка сол и 1 дл вода, па правете гаргара колку можете почесто.

Забоболка

Како привремено решение за намалување на болката додека да стигнете на стоматолог, плакнете ја устата со раствор од 1 дл млака вода, 2 лажички оцет и 1 лажичка сол.

Алергија и воспаление на синуси

Солта е спас за иритираната слузокожа. Варете 2 до 3 дл вода, па додајте сол за водата да биде солена како морската. Почекајте да се излади на собна температура, претурете ја во шише од капки за нос и двапати на ден прскајте во носот.

Убод од инсект

Солта може да ја намали болката и да го намали отокот при убод од пчела или некој друг инсект. Од солта може да направите густа паста. Нанесете ја на местото на убодот, оставете ја така да стои додека целосно не се исуши. Солта ќе ја смири иритацијата и ќе ја намали болката.

Отечени нозе

Направете купка за нозе која ќе ги намали отоците на зглобовите и ќе ви ги одмори нозете. Во сад ставете топла вода и додајте околу 4 лажици сол и неколку капки етерично масло од лаванда, нане или еукалиптус. Чувајте ги нозете во смесата околу половина час.

Треба да знаете
Последни објави