Парондо: Треба да ги распоредиме силите, сезоната е долга

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Роберто Парондо, во интервју за клупскиот сајт ги искажа своите видувања за постигнатото на „црвено-црните” во годинава што изминува.

  • Имавме проблеми со повреди и секао дека и тоа имаше влијание. Пред почетокот на сезоната при рангирањето на тимовите Вардар го немаше на листата, а играчите за тоа зборуваат и сакаа да покажат дека тоа е грешка. Така и беше имавме одличен почеток на сезоната. На последниот меч од СЕХА лигата во Букурешт игравме без осум играчи. Тоа не е најдобриот тим. Последните три мечеви сакавме да им дадеме шанса на сите, бидејќи се гледаше заморот. Сезоната е долга и ни требаат сите играчи. Треба некогаш и да се мисли на тимот да може да се издржи целата сезона да се одигра доволно да се победи, вели Парондо.

Посочи дека одбраната на тимот му создавала најмногу предизвици.

  • Неколкумина играчи што играа одбрана си заминаа, а новите што дојдоа не играле на тие места. Затоа требаше да се усогласат сите работи, да се најде место за секој играч. Сакавме сите да бидат подготвени што е можно побрзо и подобро. И мислам дека добро успеавме иако нормално секогаш треба да се работи, истакна меѓу другото, предводникот на Вардар.
Треба да знаете
Последни објави