Земјотресите со јачина од 4,8 степени по Рихтеровата скала оставија без покрив над главата најмалку 400 лица кои живеат во близина на вулканот Етна на Сицилија, потврди италијанската Агенција за цивилна заштита.
Сместување и храна се обезбедени за 406 Сицилијанци кои се згрижени по земјотресите кои се случија во средата. Шефот на Агенцијата, Ангело Борели изјави за државното радио РАИ дека 10-мина се сместени во болница, 18 добиле лекарска помош, но не се хоспитализирани, а најтешко е повредена 80-годишна жена која ја извлекле од урнатините.
Побарано е инспекторите да излезат на терен и да се изврши проценка на штетите предизивикани на 1.600 локации погодени од земјотресите.