Двата дома на американскиот Конгрес имаа кус состанок, на кој не е постигнат договор за крај на блокадата на американската Влада која трае шест дена.
Претставничкиот дом и Сенатот не постигнаа договор околу буџетот, a аналитичарите оценуваат дека Владата најверојатно во новата година ќе влeзе затворена.
Буџетот за федералната Влада не е усвоен поради несогласувања на републиканците и демократите околу изградбата на ѕидот на границата со Мексико, на што инсистира американскиот претседател, Доналд Трамп.
Тој бара пет милијарди долари за изградба на ѕидот, на што се противат демократите кои се спремни за безбедност на границата да издвојат 1,3 милијарди долари.