Лицата кои за време на изведувањето на црногорската химна ќе седат или со создавање бучава ќе го нарушуваат јавниот ред и мир, ќе бидат казнувани.
Црногорската влада на седница го утврди предлог-законот за измени и дополнување на Законот за јавен ред и мир, во чијшто состав влегоа прекршоците и казнените одредби кои се однесуваат на употребата на државните симболи, односно изведувањето на државната химна.
Министерот за култура во земјата, Александар Богдановиќ, изјави по седницата дека измените и усогласувањето на законот е реакција на случувањата кои пред сè се однесуваат на пласирање и неточно изнесување на утврдени историски факти во врска со Црна Гора и изнесувањето тврдења со кои се нарушува територијалниот интегритет на земјата, пренесуваат црногорските медиуми.