Јадењето месо може да предизвика прекумерно потење

Откако ќе изедете преголема количина месо, постои можност за кратко време да почнете да се препотувате и да се јави „некотролирана месна пот“.

Науката вели дека тој термин навистина постои.

„Месна пот“ е психичка реакција што може да се јави кај некои луѓе откако ќе изедат премногу храна богата со протеини.

Има неколку работи што се случуваат во човечкото тело кога се препотува поради висок процент на протеини.

Јадењето е сложен процес што ги вклучува мозокот, устата, плунковидните жлезди, храопроводот, мускулите во системот за варење, желудникот, панкреасот, жолчката и црниот дроб. Овој процес бара многу енергија, а видот на храната што се внесува одредува колку енергија ќе искористи телото за време на јадењето Тоа се нарекува термогенеза.

На алкохолот и протеините им треба повеќе енергија за метаболизирање во споредба со другата храна, поради метаболичките патишта што телото ги користи за да ги апсорбира.

Со внесувањето на големи количества протеини се зголемува телесната температура бидејќи телото работи посилно за да ги согори, во споредба со храната што се состои од овошје, зеленчук или житарки.

Затоа се препотуваме кога телото ги преработува протеините. Некои лекари тоа го споредуваат со обид за трчање спроти ветер.

„Месната пот“ кај некои луѓе се јавува уште додека јадат или веднаш по јадењето месо, додека кај други може да се случи подоцна, кога организмот го преработува месото.

Препотувањето од месо зависи од кондицијата, тежината, начинот на исхрана и други здравствени фактори кај секој човек поединечно.

За да спречите да дојде до вакво потење, внимавајте колкава количина на месо јадете во денот и потрудете се да не ја изедете целата порција одеднаш и не јадете месо во комбинација со алкохол. Исто така, вежбајте за да го забрзате метаболизмот.

Треба да знаете
Последни објави