Москва и Лондон постигнаа договор за постепено враќање на персоналот во дипломатските мисии од јануари 2019 година, најави рускиот амбасадор во Велика Британија, Александар Јаковенко.
– Во принцип постигнавме договор за враќање на дипломатскиот персонал во Москва и во Лондон во текот на јануари. Не сум сигурен дали тоа ќе се однесува на сите членови на персоналот, но барем половина од нив ќе се вратат, изјави Јаковенко за руската телевизија Русија 24.
Тој додаде дека договорот е позитивен чекор во билатералните односи помеѓу двете земји.
По труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март годинава, Велика Британија протера 23 руски дипломати, а Москва како реципрочна мерка протера исто толку британски дипломати од Русија и нареди затворање на британскиот Генерален конзулат во Санкт Петербург и затворање на Британскиот совет во Русија.