Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини демократите дека се одговорни за смртта на двете деца имигранти на границата.
„Смртта на двете деца на границата е строго вина на демократите и нивната патетична имиграциска политика која им овозможува на луѓето да тргнат на долг пат мислејќи дека можат да влезат во нашата земја илегално. Не можат. Да имавме ѕид немаше ни да се обидат“ напиша Трамп на Твитер.
Пред три дена осумгодишно дете од Гватемала почина во имиграциски центар за притвор на американската влада. Претходно почина и девојче од истата земја.