Холандските безбедносни сили уапсиле четворица мажи осомничени дека подготвувале терористички напад, соопшти холанската полиција. Тие биле фатени на пристаништето во Ротердам.
Осомничените биле уапсени од страна на припадници на антитерористичка единица.
„Осомничени се дека учествувале во подготовки на терористички напад“ додала полицијата, нагласувајќи дека истрагата е во тек.
Не се познати детаљи за осомничените ниту за нападот што го подготвувале.
Холандија беше релативно поштедена од терористички напади, што изминатите години се случија во неколку европски земји, но неодамна доживеа неколку сериозни закани. Во јуни беа уапсени двајца осомничени токму пред да извршат повеќе терористички напади, поточно на славниот мост во Ротердам и уште едно место во Франција.
Авганистанец со германска дозвола за престој, во август, повреди двајца американски туристи во Амсердам, по што беше застрелан.
Во септември холандската полиција уапси седуммина мажи осомничени дека планираат голем терористички напад, за време на некој голем настан со помош на експлозивни елеци и пушки АК-47. Во претресот на нивните домови, полицијата пронајде голема количина на материјал за изработка на бомби, вклучително и 100 килограми ѓубриво, кој може да се употреби за експолизив за автомобил-бомба.