Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место во населбата Даме Груев, каде беше пронајдено безживотно тело на едно лице.
Јавниот обвинител веднаш издаде наредби за прибирање на сите траги пронајдени на лице место и нивно вештачење, а телото на починатиот беше предадено на обдукција. До телото на починатиот беше пронајден автомобил Фолскваген пасат со скопски регистарски ознаки, со кој според првичните информации најверојатно управувал починатиот. Автомобилот беше подигнат и врз него утрово се врши детална крим-техничка обработка.
Едно лице е приведено во полициска станица, но се уште се прават проверки за испитување на неговата директна поврзаност со кривично-правниот настан.