Реновиран гинеколошки оперативен блок ќе биде промовиран денеска во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза” – Чаир.
Станува збор за простор на површина од 420 м2, со целосно реновирање на двете постојни гинеколошки оперативни сали и воведување централен довод на гасови, како и целосно реновирање на одделот за реанимација и интензивно лекување. Реконструкцијата е извршена во периодот јуни-декември годинава.