Најмалку шест луѓе загинаа во невреме кое ги зафати САД, каде снежна бура, силен ветер и дожд го пореметија сообраќајот, што е вообичаен за овој период од годината, пренесуваат американските медиуми.
Снежната бура „Ебони“ зафати голем дел од земјата, од големите низини во средишниот дел на земјата до југозападот. Исто така поплави му се закануваат и на југоисточниот дел, по обилните врнежи кои, како што најавуваат метеоролошките служби, ќе продолжат до понеделник.
Денеска се забележани три нови смртни случаи, па бројот на загинати во несреќи поврзани со невремето, се искачи на 6.
Во Минесота две лица загинале во сообраќајни несреќи, пишуваат тамошните медиуми. Во Луизијана пак, жена загинала кога на нејзиниот автомобил паднало дрво, а во Канзас, човек загинал во сообраќајка на замрзнат автопат. Шестата жртва загинала во сообраќајна несреќа во Северна Дакота.
Поради обилниот снег повеќе од 1300 летови се откажани, а од нив 12.200 доцнат од четвртокот, кога почна пореметувањето во сообраќајот, наведува мрежната станица која го следи воздушниот сообраќај.