Непознато лице било пронајдено мртво, ноќеска во скопската населба Ѓорче Петров, а пријавена е и престрелка во Кондово. Засега нема потврда дали двата инцидента се поврани.
Од МВР потвруваат дека е пронајдено починато лице на улицата Шарпланинска, за што добиле пријава во 21.38 часот.
Убиениот лежел на улица до автомобил „фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дела е сопственост на Д.Н. (65) од Скопје. Не е познато дали сопственикот на автомобилот е убиениот.
Според очевидци, се слушнале истрели од оружје, по што било откриено телото на убиениот.
Вечерва имало и престрлка кај пругата во Кондово, но нема потврда за повредени.