Воздушниот сообраќај на аеродромот во Хановер е во прекин поради инцидент, во кој еден маж со автомобил ја проби влезната капија на оградената аеродромска зона.
Човекот, како што пренесуваат германските медиуми, е приведен, а возилото со кое управувал, има полски регистарски таблици.
Полетувањата и слетувањата на авионите попладнето биле во прекин за време траењето на истрагата, но сепак терминалите биле отворени, пренесува АП.