Индиски нуркачи им се придружија на спасувачите кои се обидуваат да ги извлечат 15 рудари заглавени во поплавениот рудник за јаглен, објави Би-би-си.
Несреќните работници на 13 декември влегле во илегалниот рудник длабок 112 метри во североисточната сојузна држава Мегалаја, каде останале заробени откако водата од надојдените реки им го затворила излезот.
Спасувачите со силни пумпи стигнале на местото на несреќата, но се уште не е јасно дали рударите се живи.
Според информациите на индиската телевизија НДТВ, нуркачите досега откриле три кациги, но се смета дека е можно дека рударите се сокриле во главното рударско окно.