Форбс: Безос годинава заработи 28, Цукерберг изгуби18 милијарди долари

Нешто поради Брегзит, нешто поради трговските тензии меѓу САД и Кина 2018 година за многу инвеститори беше турбулентна, а несигурностите на пазарот предизвикаа пад на богатството на некои милијардери. Тоа е причината зошто Форбс направи листа на оние кои најмногу заработија и загуби оваа година.
Марк Цукерберг, основач и извршен директор на Фејсбук е именуван за најголем губитник во светот, кој за оваа прилично несреќна титула може да се заблагоди на скандалот поврзан со кршењето на приватноста на корисниците на социјалната мрежа. Цукерберг загуби18,7 милијарди долари и сега „тежи“ 52,5 милијардди долари.

Од друга страна, шефот на „Амазон“, Џеф Безос, е дефинитивен победник на годишно ниво со речиси 28 милијарди долари за само една година и неговата моментална вредност  е 126,2 милијарди долари.
Заедно, десетте најголемите светски добитници во 2018 година си додадоа 64 милијарди долари на нивните сметки. Сепак, како што истакнува Форбс, ова не е ништо во споредба со минатата година кога добивката изнесуваше 204 милијарди долари.

Втор на листата на заработка е јапонецот Тадаши Јанаи, сопственикот на модниот бренд Uniqlo, кој заработи седум милијарди долари и сега има на сметка 27,1 милијарди долари.

Русинот Вагит Алекперов од Lukoil, како и Американецот Руперт Мардок, сопственик на 21st Century Fox додадоа на нивните сметки по 4,6 милијарди долари, па првиот сега има богатство од 19,5, а вториот 19,3 милијарди долари.

По Цукерберг, втор на листата губитници е Амансио Ортега, сопственик на модниот синџир Inditex, најпознат по брендовите Zara, Bershka и Massimo Dutti кој годинава остана покус за 16,2 милијарди долари од неговото богатство, кое сега изнесува 59,6 милијарди долари.

Трет на листата е Георг Шефлер од Schaeffler Auto, производител на гуми и авто делови и компанија која пред десет години ја презеде германската компанија Continental AG. Шефлер загуби половина од своето богатство-14 милијарди долари и сега тежи 12,4 милијарди долари.

Загуба од над 10 милијарди долари има и Ма Хуатенг, порано најбогатиот Кинез и сопственик на  интернет гигантот Tencent кој изгубил 10,1 милијарда долари, па неговото богатство сега изнесува 35,1 милијарди долари.

 

Треба да знаете
Последни објави