Вечерва во „Винтерленд“ музичка забава со Тони Зен и „Tafa and the bend“

Во пресрет на новогодишните празници, вечерва исто така ќе има забава и музичка програма во новогодишната населба „Винтерленд“ на плоштадот „Македонија“.

Програмскиот дел почнува во 11 часот со настап на улични забавувачи и забавување со карактерите од царството на Волт Дизни.

Вечерната музичка забава почнува во 20 часот со настапот на музичката група „Tafa and the bend“, а продолжува во 22 часот со ДЏ сет на Тони Зен и „Boogieman“.

Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“.

За љубителите на зимските спортови поставено е и бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“.

Треба да знаете
Последни објави