Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека Албанците ќе се обидат целата меѓународна заедница да ја доведат до свршен чин, по најавата на косовскиот премиер Харадинај, дека повеќе не постои граница меѓу Косово и Албанија, објави Б92.
„Мене ми е јасно дека тие ќе градат свој план. Кога кон крајот на март, ќе ја избришат границата, тогаш ќе ги укинат таксите кон Србија и ќе речат дека се подготвени да разговараат, но со други позиции, обединети Косово и Албанија“рекол Вучиќ.
Тој објаснил дека Албанците ќе продолжат да работат по фази и дека се работи за нешто за што Белград претходно предупредил.
Вучиќ укажа дека му се чини дека сега луѓето во светот почнуваат да добиваат информации за тоа, но не разбираат како тоа на некого му е дозволено да го прави, бидејќи, како што вели тој, ако тие го направеле истото, дури и десетинка од тоа, би имало бурни реакции.