Еврото полни 20 години

Еврото во вторник ќе ,,наполни” 20 години. ,,Родено” е на 1 јануари 1999 година и во почетокот постоеше само како виртуелна валута во сметководствените и во финансиските трансакции. По три години тоа стана и реалност, а денеска кованите и хартиените пари ги користат повеќе од 340 милиони луѓе во 19 европски држави.

Во Германија го доби надимакот ,,Теуро”, според германскиот збор кој означува скапо. Еврото, како што наведуваат аналитичарите, денес е попопуларно од претходно и поракј јакнењето на евроскептичните, популистички движења во повеќе држави.

Испитувањето на јавното мислење спроведено во ноември за Европската централна банка (ЕЦБ) покажало дека 74 отсто од граѓаните на еврозоната сметаат дека еврото било добро за Европската Унија, а 64 отсто дека било добро за нивната држава. Еврото сега е втора светска валута, зад американскиот долар чија доминација сѐ уште не може да се доведе во прашање.

Еврото ги доживеа најголемите искушенија кога последиците од финансиската криза во 2008 година предизвикаа должничка криза во еврозоната, која кулминираше со спасување на неколку држави, со што валутната унија и нејзиното единство беа доведени на раб на пукање. Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги се смета за заслужен за спасување на еврото во 2012 година, кој порача дека ЕЦБ, која води монетарна политика на еврозоната, ќе направи ,,се што ќе биде потребно” за да се сочува единствената валута.

Треба да знаете
Последни објави