„Жолтите елеци“ повторно палеа и кршеа но во многу помал број

Седми викенд по ред протести на движењето жолти елеци во Франција. Незадоволни луѓе од политиките на претседателот Емануел Макрон се собраа на улиците на француските градови, но одѕивот беше значително помал, но повторно со вандализам – палење на возила пред седиштето на медиумите и пред банки во Париз, јавуваат француските медиуми.

Демонстрантите запалиле контејнери за отпад во близина на надворешниот влез на зградата на банката „Банк де Франс“.

Како што пренесуваат медиумите, околу 800 демонстранти марширале на улиците на градот Руан, меѓу кои и 200 предизвикувачи на нереди, кои уништувале излози, испишувале графити и палеле канти за отпадоци.
Пожарникарите интервенирале 254 пати, при што десетина се повредени, соопшти полицијата.

Официјалните податоци за бројот на демонстранти нема, но каналот Ел-си-ај пренесе податоци за околу 12.000, што е значително помалку од 40.000 колку што беа минатиот викенд, пишува Ројтерс.

Во Париз, каде протестите беа насилни на почетокот на месецот, синоќа полицијата привела 57 лица.

Треба да знаете
Последни објави