Заборавени хулахопки, демолирани тоалети, хаос по концертот на Аца Лукас во Скопје
По завршувањето на концертот на турбофолкерите Аца Лукас, Милица Павловиќ и Пеѓа Меденица во Скопје, салата „Борис Трајковски“ е речиси демолирана. Искршени тоалети, заборавени женски хулахопки, прашкаста материја по столчињата и еден куп ѓубре. Концертот се одржа вчера, а беше најавуван како најлудата предновогодишна журка.