Српскиот актер Бранислав Лечиќ, сообраќајната полиција го запрела во февруари во Белград и при рутинска контрола му биле измерени 0,7 тони промили алкохол во крвта. Бидејќи Лечиќ не се појавил досега на суд, издаден е налог за негово апсење.
Сообраќајната полиција го исклучила познатиот актер од сообраќај и открила дека е под дејство на алкохол. Полицијата веднаш му забранила да управува со возилото, оценуваjќи дека е ,,средно пијан”.
Прекршочниот суд во Белград два пати испратил судска покана до актерот, но тој не одговорил на повиците, по што е издаден налог за негово приведување. На Лечиќ неколку пати му бил упатен повик за судење, но тој никогаш не бил на адресата каде што е пријавен дека живее. Поради тоа, судијата бил принуден да поднесе наредба за негово приведување. Полицијата двапати чукнала на вратата на Лечиќ со намера да го приведе. Неколку месеци потоа актерот сам се појавил во судот и ја признал вината.
Пресуда за Лечиќ ќе биде донесена следната година, а поради околностите се очекува дека актерот ќе остане без дозвола за возење од најмалку неколку месеци и дека ќе мора да плати и парична казна. Сепак, ова не е првпат дека Бранислав да направи сообраќаен прекршок. Во 2017 година Лечиќ бил запрен поради пребрзо возење надвор од населеното место.
Актерот вели дека вакво нешто може на секого да му се случи и објаснува зошто не одговарал на повиците од судот.
,,Земам секогаш такси кога сум ,,развеселен”. Бев на суд и направив се што требаше. Ги менував адресите поради преселба и затоа не можев да ги добијат судските покани”, вели Лечиќ.