Опожарен грчки автомобил во Гевгелија

Во полициската станица во Гевгелија денеска било пријавено дека на улицата „Јане Сандански” било опожарено патничко возило „нисан” со грчки таблички.

Случајот во полиција го пријавила В.Р. (40), а како што соопшти полицијата, во опожарувањето на автомобилот нема повредени лица.

Возилото е сопственост на Т.М. (67) од Република Грција, кој имал привремен престој во Гевгелија.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави