Путин им испрати новогодишна порака на светските лидери

Рускиот претседател Владимир Путин му испрати новогодишна порака на американскиот колега Доналд Трамп наведувајќи дека Москва е подготвена за дијалог за широк спектар на теми.

Во одделно новогодишно писмо до сирискиот претседател Башар ал Асад, Путин ветил дека ќе продолжи да пружа помош на сириската влада и народот во борбата против тероризмот, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, Путин испратил новогодишни пораки и до другите светски лидери, меѓу кои се и кинескиот претседател Си Џинпинг, британската премиерк Тереза Меј и јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Треба да знаете
Последни објави