Руските власти соопштија дека забраниле увоз на неколку десетици производи од Украина, меѓу кои пченица, чоколадо и пиво, како противмерка на економските санкции кои Киев и ги воведе на Москва поради меѓудржавната криза.
,,Руската влада одлучила да забрани влез во Руската федерација на производи од Украина и стока која преминува преку украинската територија”, се наведува во соопштението на руските власти.
На листата на забранети стоки се пченицата, сончогледовото масло, чоколадото, лебот, конзервираното овошје и зеленчук, мармалад, пиво, вино, детски пелени…Забраната стапува на сила веднаш, се наведува во соопштението и се истакнува дека мерките се одговор на ,,непријателските постапки на Украина кон руските граѓани и правни лица”.
Русија од 2014 година е под низа укаински и западни санкции, најпрво поради судирите околу полуостровот Крим на југот на Украина. Киев и Запад и префрлаат на Русиа дека воено ги поддржува проруските сепаратисти на истокот на Украина, но Моксрва тоа го демантира.