Таравари: Додека вие славите Нова година, тие изгласаа амнестија
Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, „распали“ по својот Фејсбук профил по власта. Тој напиша дека додека граѓаните се подготвуваат да слават Нова година, власта донесе амнестија, измени во кривичниот закон, донесе закон за именување на замеменици директори…
„Додека вие славите Нова година, ТИЕ:
1. Изгласаа амнестија за 27 април
2. Изгласаа измени на кривичниот закон со кој се намалуваат казните или се ослободуваат функционери обвинети од СЈО
3. Изгласаа закон со кој директорите на јавните претпријатија си добиваат заменици директори
4. Повисоки плати за вицепремиерите“, напиша Таравари на својот профил на Фејсбук.