Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека границата на Косово кон Албанија повеќе не постои.
„Ми беше чест да учествувам во потпишувањето на договорот за воспоставување заеднички гранични точки меѓу Косово и Албанија, според принципот на нашиот заеднички европски пат“ напиша Харадинај на својот Фејсбук профил.
Според него, границата на Косово кон Албанија не постои.
„Ќе имаме само една заедничка станица. Работата ќе продолжи и во март влегуваме во втора фаза на целосно отстранување на границата меѓу Косово и Албанија, на основа на шенгенскиот принцип“ напиша Харадинај.
Тој рекол дека е во интерес на Косово и на Албанија да го сочуваат и унапредат партнерството меѓу двете земји.